Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава.
Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.

Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, од нивото од 2,25 отсто на ниво од 2,75 проценти, изјави Гент Сејко, гувернер на Централна банка на Албанија.

Тој додаде дека се зголемува и еднодневната каматна стапка на кредитите за 0,5 процентни поени на 3,75 проценти, како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите на 1,75 отсто.

Според него нивото на инфлација во третото тромесечје е 7, 9 проценти и оти таа ќе продолжи да расте и во последното тромесечје од годинава.
Гледано одделно по месеци инфлацијата во септември била 8,1 отсто, во август 8, додека во јули 7,5 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.