Ни за време на бомбардирањето, ниту по земјотресот во 1979 година Црна Гора немала толку лоша туристичка сезона. Ова го тврди сопственичка на приватни апартмани во Сфети Стефан, која годинава угостила само четворица гости.

И покрај празните плажи и хотели, цените на лежалките шокираат.

Како што пренесува „Новости“, на една од најубавите плажи на Свети Стефан моментално има повеќе лежалки од туристи, но, сепак, комплет од две лежалки и ќадор кошта од 15 до 25 евра на едниот дел од плажата, во зависност од близината до морето.

На другата страна од плажата, кој се смета за поубав дел, овој комплет чини 50 евра од ден.

Изминатите години овој пакет достигнуваше цена и од 120 евра, но и оваа денешнава е повеќе од неразумна.

Паркингот чини 2 евра од час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.