Студентите од Македонија ќе студираат целосно бесплатно високо образование на државните универзитети во Бугарија – ќе бидат ослободени од сите такси. Тоа е предвидено со измените предложени од бугарскиот службен министерт за образование Сашо Пенов, јавија бугарските медиуми.

Досега, студентите прифатени според уредба од 1997 година (до 300 лица годишно) ги плаќаа таксите, а износот зависеше од специјалноста.

Каква ќе биде организацијата за прием на македонските студенти и докторанти ќе се утврдува секоја година со налог на министерот за образование.

Приемот на кандидатите студенти ќе го организира бугарското Министерство за образование и култура во соработка со Министерството за надворешни работи. Приемот на докторантите ќе се врши врз основа на документи.

Средствата неопходни за образование на студенти и докторанти – до 5 лица годишно – ќе ги обезбеди бугарската држава од државниот буџет преку буџетите на соодветните високи училишта.

Целта на предложените измени е да се стандардизира режимот со кој се примаат македонските студенти во Бугарија, нагласува министерот Пенов во неговиот извештај до Министерскиот совет.

Трошоците на факултетите за студенти од Македонија ќе се надоместат со средства од државниот буџет. Потребниот дополнителен износ за 300 студенти годишно е: за 2023 година – 345,0 илјади лева, за 2024 година – 390,0 илјади лева и за 2025 година – 390,0 илјади лева. (еден лев изнесува 31.64 македонски денари).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.