Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, на редовен брифинг со новинарите истакна дека стратешка цел на земјата останува да биде целосната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

Тој додаде дека додаде дека очекуваат стратешка дискусија на шефовите на дипломатиите на ЕУ на состанокот во ноември.

Целосната интеграција на Западен Балкан останува стратешка цел и како што се покажа на неодамнешниот Самит во Словенија, и ЕУ и Западен Балкан треба да ги продолжат напорите во оваа насока. Ја очекуваме стратешката дискусија на министрите за надворешни работи на ЕУ, следниот ноември. Да потсетам дека последната таква дискусија, со присуство на министрите за надворешни работи на ЕУ, како и на Албанија и Македонија се одржа преку телеконференција, минатиот мај, по заедничка иницијатива на Грција и Романија – изјави Папајоану.

Тој додаде дека Грција го поздравува договорот меѓу Белград и Приштина, како и дека официјална Атина целосно ја поддржува работата на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.