Во Грција бродовите останаа во пристаништата, а градскиот превоз и возовите се движеа по намален редослед заради денешниот прв генерален штрајк организиран во оваа земја од изборот на новата конзервативна влада во јули.

Новата влада на премиерот Кирјакос Мицотакис вети дека ќе ги забрза инвестициите и ќе го зајакне растот во земјата каде што економското производство падна за една четвртина за време на долгогодишната финансиска криза, потсетува „Ројтерс“.

Штрајкот, како што наведуваат од грчките синдикати, е одговор на планот на грчката влада да донесе закон во кој се содржани измени во законот за синдикатите, за колективните договори и здравственото осигурување, и истовремено се бара зголемување на платите и пензиите, трајно вработување и стопирана приватизација.

Синдикатите кои повикуваат на штрајк велат дека промените што администрацијата се обидува да ги наметне, ќе го оневозможат правото на штрајк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.