Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на еден од учениците му бил дијагностициран коронавирус.

Според неофицијалните извештаи на медиумите, момчето било тестирано откако било потврдено дека неговата мајка е заболена од вирусот, а тоа немало никакви симптоми на болеста.

Мора да бидеме крајно внимателни, така што учениците од тоа одделение остануваат во карантин наредните 14 дена, додека сите други ученици и вработени сè уште можат да доаѓаат на часови нормално, со спроведување на превентивните мерки како и досега“, изјави за мариборскиот денвен весник „Вечер“ во Марибор Лидија Тодоровиќ, директорка на ОУ „Лудвик Плибершек“.

Ова е прв потврден случај на коронавирус во вториот по големина словенечки град по еден месец.

Градоначалникот на Марибор, Сашо Арсеновиќ, пред две недели веќе го прогласи Марибор за прв град без коронавирус во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.