На сите функционери од хрватското Министерство за наука и образование, предводени од министерката Блаженка Дивјак, денеска епидемиолозите им наложија да се изолираат и да се тестираат за коронавирус, откако беше откриено дека државниот секретар од Министерството е позитивен на вирусот.

Во соопштението од Министерството се вели дека министерката Дивјак ја добила оваа инструкција во консултација со епидемиолозите, како и со сите функционери на Министерството, откако се утврди дека државната секретарка Ивана Франшич е позитивна.

Хрватските медиуми објавија дека Франшич била на свадба во Задар, по што не била тестирана, а по враќањето во Загреб, учествувала на колегиум во Министерството и на други состаноци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.