Околу 60 припадници на Првата бригада на војската на Србија кои биле ангажирани на приемот на луѓето кои доаѓаа од странство во период од 13 до 16 март се заразени со коронавирус, изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ, пренесе „Танјуг“.

Тој додаде дека целиот гарнизон е заразен, но дека ситуацијата би била многу потешка ако тие не го организирале карантинот на Палиќ.

Овие момци го примија најтешкиот удар. Јас ги испратив таму. Дали може добро да се чувствувам поради таа одлука? Ако не беа таму, во овој момент кој знае колку мртви ќе имавме, рече Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.