Таткото монструм, австрискиот државјанин кој живее и работи во Загреб, би можел да помине половина век во затвор доколку се докаже дека ги задавил своите три деца – близнаци, седумгодишни момче и девојче и четиригодишното момче.

Според хрватските медиуми, тој потоа се обидел да си го одземе животот. За жал во монструозниот обид да ги убие своите три деца, бил поуспешен од обидот да се самоубие.

Тој е осомничен за три точки од обвинението за тешко убиство. За кривично дело тешко убиство се казнува со максимална затворска казна од 40 години.

Бидејќи се работи за три тешки убиства, доколку вкупниот број на казни се повеќе од 40 години, може да се изречат вкупно 50 години затвор. Ова е и максималната можна затворска казна во Хрватска.

Цел Балкан е згрозен од оваа трагедија и на овој татко му посакуваат смртна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.