Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак ги соопшти резултатите од анкетата според која 25 проценти од хрватските граѓани апсолутно одбиваат каква било вакцинација, а 10 до 15 проценти се двоумат дали да ја примат вакцината.

Според нашите анкети, околу 25 проценти од Хрватите тврдокорно одбиваат вакцина, каква било вакцинација, не само против корона. Околу 10 до 15 проценти се двоумат, мора да влијаеме на нив, а остатокот ќе биде вакциниран – изјави Цапак за вестите на Н1 телевизија коментирајќи го слабиот одѕив на вакцинацијата.

Според него, вчера одговориле само една третина од граѓаните повикани да се вакцинираат против Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.