Сојузниот совет на германскиот парламент (Бундесрат) одобри продолжување на таканареченото „правило за Западен Балкан“, според кое граѓаните од регионот сè уште можат да дојдат да работат во Германија.

Ова значи дека граѓаните на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, без оглед на нивните формални квалификации, ќе можат да дојдат во Германија до 2023 година за работа.

Новина е што се воведува годишна квота од 25.000 луѓе.

Според германската влада, постои голема побарувачка за работна сила од Западен Балкан, особено во градежната индустрија.

Сојузната агенција за труд исто така мора да се согласи на ова, се проверува дали има германци или работници од други земји на Европската унија за постојното работно место и дали условите за работа се исти како и за германските граѓани.

Минатата година беа издадени 27.259 визи како дел од проектот Западен Балкан, но агенциите за вработување одобрија повеќе од 62.000 работни места.

Најголемата потреба за работна сила е, како и досега, во градежната индустрија, логистиката и транспортот, а сè уште постои голема потреба од старатели, пренесува Дојче веле (ДВ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.