Сопствениците на ресторани и клубови, како и келнерите и шанкерите денеска протестираа во центарот на Софија поради одлуката на бугарската владалокалите да останат затворени како мерка против шиењето на коронавирусот. Тие тропаа на тенџериња пред зградата на Владата барајќи од премиерот Бојко Борисов да ја преиспита одлуката за затворањето на локалите, да им овозможи работење и да им ја исплати заостаната оштета.

Според последната одлука на бугарските власти од февруари почнуваат со работа средните училишта, трговските центри и теретаните, но рестораните и кафулињата остануваат затворени уште месец дена.

На протестот луѓето скандираат: Треба ли да се молам за да работам. Објавено е видео како заменик министерот за економија, Валери Симеонов им покажа среден прст на угостителите., Валери Симеонов им покажува среден прст на насобраните угостители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.