Бугарскиот премиер Стефан Јанев порача дека главната обврска на неговата влада е одржувањето фер и транспарентни избори.

Првата и непосредна задача за која сите сме одговорни во име на извршната власт и соодветните региони и области за кои вие сте одговорни е да одржите фер и транспарентни избори – им порача привремениот премиер на новите регионални гувернери во зградата на Владата (Совет на министри).

Јанев додаде дека тоа е обврска не само на привремениот кабинет, туку и на сите други тела на државната власт, особено на ЦИК, која е избрана од Националното собрание.

Сите наши напори ќе бидат посветени на одржување на предвремените парламентарни избори на 11 јули, така што треба да биде осигурен процесот на самото спроведување и истовремено да не се дозволат негативности, на кои бевме сведоци претходно – порача Јанев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.