„На патот на 41. пешадиски полк – март 1917 година – расчистување на Јастребац од бандити“ е името на експедицијата организирана од бугарската невладина организација „Воено историски комитет“ кое се одржа на 29 и 30 јуни на југот на Србија.

Историчарите од Ниш тоа го гледаат како провокација, екстремистички изблик и промовирање масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и востанието во Топлич во 1917 година. Тие сметаат дека државата Србија требало да го санкционира.

На плакатот со кој бугарската организација ја најавуваше оваа акција, меѓу другото се споменува и месната заедница „Зора“ од Ќустендил, како и клубот „Полковник Христо Стојанов“. Тие ги посетиле посетуваат Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље и планината Јастребац.

Бугарските власти есента 1915 година сакале да создадат „моравска Бугарија“ на територијата на југоисточна Србија и затоа малтретирале, мачеле и силувале жени, како и масовно ограбувале и убивале цивили.

Кога сакале да регрутираат српски младинци за бугарската војска, востание се кренале од областите на Топлица, Јабланица, Јастребац, Јужна Морава, Кукавица и Копаоник. Ги ослободиле Либане, Бојник, Медвеѓа, Куршумлија и Прокупље.

Дејан Антиќ од Историскиот отсек на Филозофскиот факултет во Ниш е убеден дека целта на таа кампања е да се промовира и велича бугарската војска која во периодот од 1915 до 1918 година извршила масовни злосторства врз српските цивили во областите на Топлица. Јабланица, Пуста Река, Врање и Сурдулице, пренесува „Јужне вести“.

Востанието било задушено на крајот на март 1917 година поради супериорноста на окупаторските сили, а во задушувањето учествувал 41-от бугарски пешадиски полк, чии патишта денес има намера да ги следи „Воено-историскиот комитет“ од Ќустендил, објаснува Антиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.