Дваесетгодишна мајка си го фрлила четиримесечното бебе од балкон во бугарското гратче Златица,  пишуваат денеска бугарските медиуми, наведувајќи дека инцидентот бил пријавен уште во текот на викендот. Иако има контузии по целото тело девојчето не е во животозагрозувачка состојба.

Мајката на бебето е во притвор откако ја признала вината, а била подложена и на медицински и психијатриски прегледи. Грижата за бебето сега ја преземаат социјалните служби кои се известени.

Инаку, во Бугарија ова е четврти напад на сопствено дете за само неколку месеци. Лани на 19 ноември, 32-годишна жена си ги уби двете деца, девојче и момче на возраст од 3 и 5 години, на особено брутален начин во Сандански. На 2 февруари годинава, еден татко фатално го прободел своето 2-годишно дете. Пред еден месец, мајка го нападна своето дете, а потоа се самоуби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.