Бугарскиот премиер Бојко Борисов по гласањето на локалните избори во Бугарија изјави денеска дека гласал за нови булевари, паркови, фонтани, модерни метро станици и нови инфраструктурни проекти во главниот град, јави БНТ.

Тој исто така додаде дека се надева на силен одзив во текот на изборниот ден.

– Луѓето сами одлучуваат за својата судбина. Денеска е голем празник за црквата и за демократијата. Што е подобро од тоа да одите и да го дадете својот глас на оние за кои мислите дека ќе ве водат добро. Тоа е највредно, рече Борисов по гласањето на избирачкото место во Софија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.