Претседателот на Бугарскиот сојуз на уметници, Христо Мутафчиев, ги критикувал своите сонародници кои одат на одмор во Грција. Тој смета дека домашниот туризам треба да биде поддржан, имајќи ги предвид последиците од пандемијата и тврди дека Грците ги мразат Бугарите и се подготвени да ги измамат.

Во интервју за бугарската телевизија „Сега“, тој вели дека летото ќе го помине на бреговите на Црното Море.

Јас ќе го поддржам домашниот туризам на штета на Византијците, кои нè мразат од дното на нивните души и се подготвени да нè измамат дури и повеќе од тоа, вели тој.

Критикувајќи ги оние што заминале во Грција, тој вели дека тие веројатно одат на одмор од парите што државата им ги дала како финансиска помош за надминување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата.

Тој исто така е огорчен затоа што Грција се рекламира во Бугарија.

Јас веќе 5 години одам на одмор со семејството на истото место и немам никакви поплаки. Бев и во Грција, но таму повеќе нема да одиме. Знаете, вашата колешка од БТВ изјави: Времето ќе биде одлично на крајот на неделава, подготвени сме да заминеме за Грција, се зачудил Мутафчиев.

Во последните 24 часа повеќе од 15.000 луѓе ја преминале бугарско-грчката граница.

Самиот премиер Бојко Борисов изрази незадоволство од фактот дека домашните претставници на туризмот очекуваат помош од државата и во исто време немаат соодветен дијалог со туристите.

Рибата е посвежа и поевтина кај нас, хотелите се почисти и побезбедни, им рекол тој на сопствениците на ресторани и хотели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.