Бугарија е близок сојузник на Косово, а новата влада во Приштина тесно ќе соработува со Софија за европските интеграции на најмладата балканска земја.

Ова го истакна во интервју за БТА, Албин Курти, водачот на движењето Самоопределување, кое победи на предвремените парламентарни избори во Косово на 14 февруари.

Резултатот на Самоопределување е околу 48 проценти од гласовите, но Курти за БТА изјави дека нема да мора да преговара за коалициска влада. Тој не гледа потенцијални партнери во ниту една од страните што владееле повеќе од 20 години по војната.

Наместо тоа, Курти најави дека ќе побара поддршка од несрпските малцинства и индивидуалните пратеници од опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.