Бугарскиот премиер Кирил Петков за утре го свикува Советот за безбедност, кој работи како тело на владата. Средбата ќе се одржи по завршувањето на заедничката седница на владите на Бугарија и Македонија, соопшти владината прес-служба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, членовите на Советот за безбедност ќе разговараат за тензиите околу Украина и плановите на сојузниците на НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата.

Советот за безбедност е под директна надлежност на бугарскиот премиер. Неговата главна задача е да ја анализира состојбата со заштитата на националната безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.