Бугарскиот Парламент едногласно гласаше да биде прогласена вонредна состојба во земјата до 13 април за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, откако бројот на потврдени случаи се искачи на 23.

За време на вонредната состојба, патувањето до и од земји со голем процент на заразени ќе биде забрането, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени, а на полицијата ќе и биде дозволено да интервенира за да ги изолира заразените лица.

– Владата, исто така, планира ребаланс на буџетот за 2020 година за да издвои поголемо финансирање за поддршка на здравствениот систем, нагласи премиерот Бојко Борисов пред пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.