Државјаните на Македонија од утре ќе можат да примат вакцина против ковид-19 на двата пункта што Бугарија ги отвори во меѓуграничната зона на два гранични премина со Македонија, и тоа Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село, објави Дојче веле.

Со оглед на тоа дека двата пункта се наоѓаат во меѓуграничната зона, луѓето нема да мораат да влегуваат во Бугарија, со што нема да имаат потреба од покажување негативен ПЦР-тест.

Заинтересираните за вакцинирање ќе можат да избираат меѓу „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.