Бугарија има највисоко ниво на криминал, насилство или вандализам во цела Европска унија, покажа најновото истражување на Евростат, според кое 20,2 отсто од луѓето кај нашиот источен сосед пријавуваат криминал, насилство или вандализам во регионите во кои живеат.

Најниското ниво на криминал и вандализам во ЕУ е регистрано во Хрватска – 2,7 отсто.

Во 2019 година, генерално, 11 отсто од населението на 27-те земји-членки на ЕУ пријавија дека се соочуваат со некаков проблем со криминал, насилство или вандализам во нивната локална заедница. Ова учество постојано, секоја година, се намалува од пикот во 2013 година, кога беа измерени 14,1 отсто.

Како што и се очекува, луѓето што живеат во градовите во 2019 година три пати почесто ги пријавувале овие проблеми отколку луѓето во руралните области, или 21,3 отсто наспроти 6,9 отсто.

Фокусирајќи се на состојбата на сиромаштијата, 13,4 отсто од луѓето изложени на ризик од сиромаштија во ЕУ пријавуваат криминал, насилство или вандализам во нивните области, во споредба со 10,6 отсто меѓу оние кои не се изложени на ризик од сиромаштија.

Редоследот на земјите во кои се пријавуваат криминал, насилство или вандализам во нивната локални средини варира од една до друга земја-членка на ЕУ, па така, „лидер“ во оваа област е Бугарија со 20,2 отсто, по која следат (16,9 отсто) и Холандија (16,3 отсто).

Наспроти нив, освен „најмирната“ Хрватска, на дното од листата се наоѓаат Литванија со 3,2 отсто и Полска со 4,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.