САД одобрија продажба на осум борбени авиони Ф-16 на Бугарија со цел да се зајакне безбедноста на оваа членка на НАТО за време на војната што Русија ја води во Украина, соопштија од Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека Стејт департментот го известил Конгресот за неговата намера да ги продаде овие авиони-борци, како и муниција на Бугарија за 1,67 милијарди долари (1,5 милијарди евра).

Во соопштението не се наведува дали оваа продажба отвора простор за трансфер во Украина на борбени авиони од советско производство, кои ги има Бугарија во моментов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.