Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Македонја и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС.

Предлогот е врз основа на податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, изјави денеска доцент Ангел Кунчев.

Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели. Карантинот ќе биде задолжителен за граѓаните на Белгија, Италија, Малта, Шпанија, Португалија, Шведска, Ирска и Велика Британија.

Во Бугарија евидентирани се 2.485 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 136 починаа, а 1.016 оздравеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.