Бугарската Влада денеска даде зелено светло за потпишување на Протоколот за приклучување на Македонија во НАТО.

Владата во Софија соопшти дека го овластила претставникот на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде за недела до две.

Интеграцијата на Македонија во НАТО, која беше во застој по грчкото весто на Самитот во Букурешт во 2008 година, е деблокирана со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се стави крај на 27 годишниот спор со името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.