Бугарија е подготвена да испрати полицајци во  Македонија за 4 февруари, доколку се добие таков предлог.  Македонија е одговорна за настанот, но ние можеме да обезбедиме помош. Ова за БТВ го изјави главниот комесар Станимир Станев, заменик главен секретар во Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Со  Македонија се разменуваат информации за движењето на луѓето, што им е потребно на двете земји за непречено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, додаде тој.

Се надевам дека нема да има провокации, нема да има навреди. Вложуваме максимални напори од страна на бугарските гости да нема провокации – истакна Станев.

Има драконски мерки, не уверија македонската полиција, додаде тој.

Сите информации за заканите кон Христијан Пендиков додека бил во ВМА се предадени.

Сакаме истрагата да биде целосна и објективна – рече главниот комесар Станев.

Министерството за надворешни работи официјално потврди дека бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, се вратил во Скопје и ги извршува своите дипломатски функции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.