Претседателот на Комисијата за буџет во бугарскиот Парламент, Љубомир Каримански за БНТ изјави дека Бугарија е оперативно и технички подготвена за воведување на еврото, но дека е најнеподготвена на политичко ниво, бидејќи нема стратешки план за еврото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Каримански ја посочи стратегијата на Хрватска за воведување на еврото, која беше развиена во април 2018 година и додаде дека Бугарија имала почетоци за вакви планови и во 2017. и 2018 година, но за време на пандемијата вниманието било отргнато.

Каримански рече дека силно го поддржува воведувањето на еврото во Бугарија, но дека претходно е потребна широка јавна кампања за придобивките и дали има ризици.

Според него доколку се одржи референдум за еврото ќе се изгуби време. „Општеството во Бугарија треба да биде спокојно за плусовите и минусите од воведувањето на еврото“, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.