Поради сложената епидемилошка ситуација и високите стапки на морбидитет на 100.000 луѓе пријавени во последните 14 дена во земји блиски до Бугарија, бугарското Министерствотза здравство им препорачува на своите граѓани да се воздржат од непотребни патувања во Грција, Кипар и Турција.

Со оглед на динамичната состојба во врска со ширењето на корона вирусот, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат воведените анти-епидемиски мерки за физичка дистанца, честа дезинфекција и носење заштитна маска за лице.

Министерството за здравство посочува дека летната сезона е исклучително погодна за вакцинација против Ковид-19 и дека е обезбеден пристап до четирите вакцини одобрени од ЕУ и секој граѓанин можат да направи сопствен информиран избор без оглед на статусот на здравственото осигурување.

Вакцините штитат од тешка болест и хоспитализација. Тие се единствениот ефикасен и безбеден начин да се заштитиме себеси и нашите сакани – наведуваат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.