Бугарската социјалистичка партија (БСП) објави дека утре ќе го врати нејзиниот мандат за формирање влада што значи дека распуштањето на парламентот е неминовно и Бугарија ќе оди на уште едни избори, кои ќе бидат четврти по ред за 15 месеци.

Се очекува претседателот Румен Радев да го распушти парламентот идната недела, а изборите да се одржат на 2 октомври.

Ваквиот развој на настаните дојде откако во средата пропадна последниот обид на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, да најде парламентарно мнозинство. Таа доби поддршка од 119 пратеници, 106 беа против, а еден пратеник се воздржа од гласање. Социјалистите вчера најавија дека доколку се реализира нивната идеја, односно предлогот добие 121 глас „за“, тие веднаш ќе ја отпочнат постапката за избор на нова влада, со Асен Василев како кандидат за премиер.

– Со оглед дека нашето сценарио не успеа, ние утре ќе го вратиме мандатот – изјави координаторот на пратеничката група на БСП, Георги Свиленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.