Белградската полиција синоќа околу 23 часот пронашла три тела во септичка јама зад шопинг центар во белградската општина Сурчин. Како што пренесуваат српските медиуми, осомничен за убиството на трите лица е Драгослав Јовановиќ, кој пред неколку дена ја убил својата сопруга, а потоа и себеси.

Телата се идентификувани како 42-годишниот Ш.Н., неговата мајка Ш.Д.(75) и тетката П.М.(80), кои настрадале поради долгот кон Јовановиќ. Тој му го продал својот стан на својот бизнис соработник Ш.Н. во замена за автомобил и доплата, која жртвата со месеци не му ја исплатила.

Тој упаднал во нивниот стан сред ноќ со уште тројца мажи, со кои почнал да се изживува врз нив.

По убиството ги фрлил во септичка јама на имот сопственост на неговиот татко, познат под прекарот Стаклени, познат локален криминалец.

Три дена подоцна Јовановиќ ја убил сопругата и извршил самоубиство. Дека има врска со трите исчезнати лица, се посомневал неговиот татко.

Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет, изјавил извор близок до истрагата за српски „Телеграф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.