Бројот на повредени во денешната експлозија во ресторанот „Вилиџ“ во Урошевац  во Косово, се искачи на 42, а меѓу нив има и две малолетни лица, изјави денеска градоначалникот Казим Река.

Во изјава за приштинскиот портал Телеграфи тој рече дека 12 повредени лица биле испратени во Ургентниот центар во Приштина, пренесува Танјуг.

Експлозијата се случи околу 15 часот и според првичните податоци, се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.