Поголема група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да ги поддржат граѓаните кои протестираат пред Собранието.

Со свирежи и извици, студентите се упатија кон центарот на градот за да им се придружат на собраните, јавија белградски медиуми.

Во меѓувреме, полицијата уште еднаш фрли солзавец кон демонстрантите кои се на скалите пред влезот на Собранието.

Српските медиуми јавуваат дека бројот на демонстранти постојано се зголемува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.