Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, остро реагираше на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, во која тој ги обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ дека предизвикуваат немири.

Сѐ што гледаме денес е резултат на едностраните потези на Курти. Србија не направи ништо за да ја почне оваа криза. Србите во Косово не направија апсолутно ништо за да го предизвикаат ова што го гледаме денес. Напротив, ова е епилогот на повеќегодишното малтретирање на Србите на Косово и Метохија и непочитување на меѓународните договори.

 

Претседателот Вучиќ и Србија повикуваат на мир, стабилност, поврзување и соработка, а Албин Курти е срамот на денешниот Балкан.

 

Курти е човек чија единствена политика е постојано насилство и постојани провокации. Курти е тој што ги доведе работите до оваа точка – со откажување на правото на глас за Србите, забрана за одржување избори на територијата на Косово и Метохија, непочитување на Бриселскиот договор и отворено признавање дека Приштина никогаш нема да го спроведе Бриселскиот договор, како и намерно погрешно толкување и селективно толкување на старите договори – порача Брнабиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.