Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека разговарала со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека тој се уште размислува дали да оди на самитот во Тирана.

Често се прашував како човек има такви нерви и толеранција да се бори за Србија и Србите на Косово и Метохија на тој начин. Ако ги погледнете 2008 и 2010 година, тогаш немавме ништо. Вучиќ некако го врати тоа прашање на маса, како и дијалогот во кој се вели дека не е завршен и дека Белград и Приштина ќе разговараат за тоа. На пример, Вучиќ се уште се бори за регистарски таблички и да дојдеме до некој заемно прифатлив компромис, но по се што издржа заедно со Србите на Косово и Метохија во последните години, неговата изјава пред некој ден беше најблага човечка реакцијa, изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.