Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.

Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме – рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.

Таа посочи дека се се прави и дека полициски час се уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.

Српската премиерка кажа дека демократскиот поредок во земјата и стабилноста ќе бидат зачувани и му порача на претседателот Александар Вучиќ утре да оди и да се бори за Косово. Таа оцени дека насилните протести во Белград несомнено предизвикале огромна штета на претстојните разговори, но дека Вучиќ ќе даде се од себе и ќе се фокусира на Косово, безбедноста на Србија и иднината на целиот регион.

Има многу што не го сакаат тоа, но зад тоа е најголем број граѓани и тоа е силата на Александар Вучиќ – рече Брнабиќ.

Таа додаде дека државата ќе ги заштити и политичките противници и дисиденти, како Вук Јеремиќ, Сергеј Трифуновиќ, Драган Џилас …, кои беа нападнати на протестите, но не и оние што сакаа да претепаат некого, затоа што насилството не би било дозволено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.