Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека врз Србија има големи притисоци кои се „политички и економски и дека се секакви и се однесуваат на сите теми“, додавајќи дека притисоците се однесуваат и на евроинтеграциите, јави дописникот на МИА од Белград.
Притисоците главно или исклучиво се насочени кон претседателот на Србија. Посакувам да можам да носам поголемиот дел од нив – изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека тоа биле разговори, телефонски и други, со сите меѓународни претставници од земјите на ЕУ, како и од Западот и Истокот.
Брнабиќ кажа дека овие притисоци продолжиле и синоќа, како и дека синоќа по тој повод бил одржан и состанок.
Српската премиерка додаде дека, на пример, Валентин Инцко и Шилинг јавно кажале дека Србија треба да го прекине европскиот пат и да и се одземе кандидатскиот статус.
Според неа имало притисоци и за Косово, посебните врски и односите со Република Српска, имало и закани дека некои инвеститори ќе ја напуштат Србија..
Ние се бориме да го одбраниме интересот на Србија и да го браниме меѓународното јавно право – посочи Брнабиќ.
Таа посочи дека на руските компании во Србија нема ништо да им се одземе, ниту да се национализира нивниот имот, туку ќе се води според економските принципи, како и на почитувањето на приватната сопственост и имотот, како и од принципите на меѓународната јавност право.
Брнабиќ најави дека Владата на Србија на денешната седница ќе формира тимови за заштита на економијата, финансискиот систем и граѓаните, со цел одржување на стабилноста и продолжување на економскиот раст на земјата.
Пред владината седница ќе имам средба со бизнисмени…Најважно е да се одржи стабилноста и да се продолжи со растот и развојот и покрај тешките времиња, за да се исполни планот растот на бруто домашниот производ (БДП) оваа година да биде 4,5 отсто – изјави Брнабиќ на отворањето на Комората на кинески компании во Србија.
Целта, додаде таа, е да се намали јавниот долг и буџетскиот дефицит, како и невработеноста и да се обезбеди раст на платите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.