Српската премиерка Ана Брнабиќ, по состанокот со претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, најави дека Србија еднострано ја повлекува одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата.

Претседателот Вучиќ ја разбира и поддржува оваа одлука, бидејќи е во согласност со Виенската конвенција и протоколите. Но, ни кажа дека конвенциите се важни, но дека животот и нашето пријателство со Црна Гора се поважни – изјави Брнабиќ.

Србија синоќа го прекина гостопримството на амбасадорот на Црна Гора, откако Црна Гора го прогласи српскиот амбасадор во Подгорица за персона нон грата.

Брнабиќ потсети дека тоа е сторено во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Вучиќ побара од владините претставници да ја преиспитаат оваа нивна одлука во желба Србија уште еднаш да подаде рака на соработка и пријателство, бидејќи во регионот имаше многу конфликти.

Брнабиќ додаде дека тие, се консултирале и со претставниците на српскиот народ во Црна Гора, кои ја поддржале ваквата сменета одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.