Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на денешната седница на Собранието рече дека се создадени сите услови за да се стави крај на вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирус. Според неа вонредната состојба не треба да трае ни ден подолго од потребното.

Доказите покажуваат дека пренесувањето на Ковид-19 е контролирано. Под два, здравствените системи имаат доволен капацитет да ги идентификуваат, изолираат, тестираат и лекуваат сите случаи како и да ги следат и ставаат сите контакти во карантин, што за среќа во Србија тоа е така од првиот ден и тоа не се смени – рече премиерката.

Српската премиерка рече дека меѓу исполнетите услови на СЗО се минимизираниот ризик во ранливите региони, потоа дека се применуваат превентивни мерки на работните места, како и дека се управува со ризикот од импортирање и експортирање на заразата од заедници со висок ризик.

Брнабиќ додаде дека последниот услов е локалните заедници да учествуваат во транзицијата кон поблаги мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.