Jа повикувам меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го спречат Албин Курти, реагира српската премиерка Ана Брнабиќ по денешната акција на косовската полиција во Косовска Митровица, каде еден маж се бори за живот.

Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос, рече Брнабиќ.

Се огласи и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој рече дека оваа акција е „уште една провокација“ од Албин Курти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.