Поради голема загриженост на лекарите и стручната јавност во вторник во Србија најверојатно ќе се одржи седница на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, изјави премиерката Ана Брнабиќ и го повтори апелот до младите да се вакцинираат, јави дописникот на МИА од Белград.

Ние ги следиме бројките на два часа, јас и претседателот, гледаме како е во општините и градовите. Најбезбедна е ситуацијата во оние локални самоуправи со најголем број вакцинирани, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Во петокот имав состанок со нашето национално тело за вакцинација и тие до 23 јули ќе дадат препорака до Кризниот штаб за трета доза, кој ќе го даде својот став на 1 август, најави Брнабиќ.

Заменик директор на УКЦ Ниш, проф. Д-р Радмило Јанковиќ оцени дека лекарите целосно се согласуваат дека Србија е на почетокот на нов бран.

Поразителна е информација е дека Србија од лидер во регионот, дури и еден од лидерите во Европа, стана земја што е на дното според бројот на имунизирани, а цената ќе биде испорачана во септември, а можеби и порано, во средината на август, кажа Јанковиќ.

Имунологот и вирусолог Миланко Шеклер за РТС изјави дека не треба да се бега од комбинација на вакцини. Секогаш е подобро да се комбинираат вакцините, да се даваат различни вакцини, ако е можно со различни видови, а ако не е можно, тогаш со различни платформи, порача Д-р Миланко Шеклер од Ветеринарниот институт во Краљево, кој додаде дека со месеци се размислува за трета доза на вакцината, уште од март.

Јас во таа смисла споменав дека оние кои примиле вакцина и е докажано дека се реактивни, и ние не можеме да докажеме дека нивниот организам по две дози создаде било каков ниво на антитела, јас предложив да се дозволи и трета доза, за постари поединци, мажи, кај кои имунитетот е ослабен, да реакцијата на вакцината е многу послаба отколку кај луѓето со просечна возраст и просечно здравје, забележа Шеклер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.