Во врска со синоќа прогласениот бојкот од страна на опозицијата, Брнабиќ оцени дека одлуката за бојкот на изборите е „многу неодговорна“, додавајќи дека е задоволна што Движењето „1 од 5 милиони“ реши да излезе на изборите, како што тоа го направија и Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ и уште неколку опозициски партии.

Коментирајќи ја одлуката за бојкот заради доведување во прашање на легитимноста на идниот српски Парламент, Брнабиќ кажа дека на Србија и претстои едно од најважните прашања, а тоа е дебатата за уставните амандмани од областа на правосудството.

– За промена на Уставот потребно е двотретинско мнозинство, кажа српската премиерка, истакнувајќи дека одговорните политичари би се бореле „и со рацете и со нозете“ за да влезат во Парламентот за да влијаат директно на изгледот на правосудството

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.