Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ помеѓу Србија,  Македонија и Албанија е една од најубавите работи што се случија во регионот од пред конфликтите во 1990 -тите.

– Таа е невероватна и зборува за тоа што можеме да направиме и што би можеле да направиме ако се приклучи целиот Балкан, изјави Брнабиќ во српскиот парламент.

Според директорот на Друштвото за истражување на политиката и политичката теорија, Владимир Павичевиќ, иницијативата „Отворен Балкан“ е најсериозниот проект за мир на Балканот и потенцијален економски напредок на нашиот регион во последните две децении.

– Кој не учествува во овој проект, не ги разбира тековните процеси во нашиот регион или во Европа – објави Павичевиќ на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.