Во Србија денес до 18 часот регистрирани се вкупно 89 потврдени случаи на заразени со коронавирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс“. Од последниот извештај до денес во 18 часот, тестирани се примероци на 19 лица, од кои шест се позитивни и 13 се негативни за новиот коронавирус.

Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека три лица се задржани во болница, без компликации и со стабилна општа состојба. До 18 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак во Белград, вкупно се тестирани 440 лица кои ги исполниле критериумите за дефинирање на случајот.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на прес-конференцијата објави дека од денеска почнала фазата на голем раст и ширење на вирусот.

Во 15 часот свикав Кризен штаб, она што можа да го кажам сите наши ексерти се согласуваат дека практично од вечерва почна трендот на забрзување и дека се многу битни следниве денови. Затоа воведовме поостри мерки за да ги заштитеме постарите луѓе, значи деновите пред нас ќе бидат исклучително важни. Денес е 13 ден, влегуваме во третата недела, борбата продолжува но и сите тимови се подготвуваваме за деновите пред нас, рече Брнабиќ.

Во Србија веќе три дена на сила е вонредна состојба, а од вечерва во 20 часот во Србија започнува и полицијскиот час, кој ќе трае до 05 часот наутро, со кој на граѓаните им се забранува излегување од домовите и движењето во овој временски интевал.

Од утринава, во 10 часот започна и забраната за движење на постарите лица од 65 години во градовите и 70 години во селата.

Нашата поддршка за нив е сега исклучително битна. Сакам да им се заблагодарам што ја почитуваат одлуката, денеска е дисциплината на завидно ниво, нема гужви на улицата, конечно сфативме дека како општество имаме заедничка цел. Разбирам дека не е лено ова за постарите луѓе, дека мерките се непријатни и им благодарам зошто покажаа големо почитување кон државата и кон себе и семејствата, рече Брнабиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.