Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека денеска, во апсолутни бројки, бројот на новозаразени со Ковид-19 „ќе биде катастрофален“.

Во изјава за ТВ Прва, Брнабиќ истакна дека според податоците од осум часот утринава, ќе биде постигнат „нов негативен и неславен рекорд“ на бројот на новозаразени.

Бројките, од осум часот наутро, се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги, нагласи премиерката.

Таа потсети дека во сила се повеќе антиепидемиски мерки.

Имаме мерки кои доколку се почитуваат би имале стабилна состојба- истакна Брнабиќ, додавајќи дека Србија ги обезбедила сите вакцини и лекови.

Таа рече и дека денеска ќе се одржи состанок на Министерството за образование со медицинскиот дел од Кризниот штаб и оти очекува нивен предлог за одржување на наставата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.