Европската Унија ја повика Приштина повторно да ја разгледа одлуката и да ги повлече таксите на стоката од Србија и Босна и Херцеговина.

Сакаме да ја повториме порака на ЕУ дека воведувањето такси не придонесува за добри соседски односи и дека тоа е во спротивност со претходно дадените ветувања на Косово во врска со регионалните интеграции и преземените обврски од Договорот за стабилизација и придружување“ навела канцеларијата на ЕУ во Приштина, реагирајќи на новото воведување на такси од 100 отсто на стока од странски брендови – пренесе „Клан Косова“.

Поради тоа бараме од Приштина повторно да ја разгледа својата одлука и да ги повлече таксите, што би била правилна одлука во напредокот на Косово и нејзините граѓани во европските пазари, сега и во иднина, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.