По апсењето на Владимир М.(40) од Крагуевац, кој во понеделникот околу три часот се обиде да ја убие сопругата Милена Максимовиќ (35), се појавија шокантни детали за моментите кога полицијата го наговорила да се предаде.

Неговата сопруга се уште е во критична состојба,а тој по злосторството се вратил дома, каде го пречекале инспектори.Два часа не сакал да се предаде, па мајката за тоа време го поддржувала и го храбрела.

Владимир околу 15 часот дошол дома но штом видел полиција се качил во автомобилот и побегнал.

– Успеал да побегне и се заклучил во автомобилот.Се заканил дека ќе се самоубие со истиот пиштол со кој ја ранил Милена.Татко му разговарал со него, па во еден момент се обидел да му го украде пиштолот, но Владимир го удрил по коленото.

Она што најмногу ги шокираше полицајците кои се обидуваа да го уапсат Владимир е поддршката од неговите пријатели и мајка.

– Мајката зјапаше во автомобилот во кој седеше, а кога полицијата успеа да го убеди да излезе, ги молеше новинарите да не го фотографираат, за да му рече „Владо браво сине“-велат очевици.

За потсетување тој ја застрела сопругата во врат додека таа спиела бидејќи сакала да ги однесе децата во Германија каде работела како докторка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.