Српскиот претседател во период од неколку години бил прислушкуван точно 1882 пати. Како што откри самиот тој намерата била да се откријат негови сомнителни активности, контакти со кои би можеле да го уценуваат да ја напушти фунцијата.

Прислушкувањето го правеле паралелни структури во српското МВР предводени од тогашниот министер Небојша Стефановиќ и државната секретарка Дијана Хркловиќ.

Кога не нашле ништо сомнително , нарачателите прешле на план Б а тоа е дискриминација на неговото семејство, односно на неговиот син и брат.

На синот Данило му подметнувале дека е врзан со навивачи на групата на Веља Невоља па дури и бил фотографиран како гледа фубалски натпревар во поголемо друштво.

Противниците на Вучиќ знаат дека тој е најранлив на неговото семејство па затоа удираат по нив.

Многу посурова е приказната која ја плетат структурите во српското МВР околу Андреј Вучиќ. Тој требало да биде поврзан со дрогата која била најдена на посед во комбинатот „Јовањица“ кај контроверзниот бизнисен Предраг Колувија.

Структурите на МВР го врбувале Колувија да потпише исказ дека марихуаната му припаѓа на Андреј Вучиќ. Во просторијата каде што се наоѓале и каде што траело „убедувањето“ се наоѓал и обвинител со спремно обвинение и налог за приведување на Андреј. Но, Колувија не се согласил и планот за апсење пропаднал.

Поради тоа, Колувија во 2019 година бил уапсен во автомобилот додека патувал кон Македонија. На полицијата и рекол дека оди да земе македонски дипломатски пасош.

За волја на вистината и Колувија не е цвеќе за мирисање. Колувија беше еден од сопствениците на две фирми во Македонија за легално производство на канабис за медицински цели.

Лиценцата потоа му беше одземена со образложение дека не водела евиденција за секое стебло канабис.

Незаконско одгледување на марихуана е делото со кое српската држава го товари Предраг Колувија. За една година заработил 3.2 милиони евра од марихуаната пронајдена на неговата плантажа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.