Телата на две малолетни момчиња попладнево беа извлечени од езерото Очага, кај градот Лазаревац во Србија. И по едночасовна реанимација лекарите од Брзата помош не успеале да ги спасат.

Се работи за две братчиња, стари пет и седум години. Тие не знаеја да пливаат, па играа во плиткото, раскажува нивната мајка за српските медиуми.

Нивната мајка и очувот во тоа време биле на плажата заедно со нивната едногодишна сестра. Во еден момент забележале дека децата ги нема, по што и посетителите и спасувачите тргнале во потрага, но веќе било доцна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.