Шеесет и двегодишниот Д.К. загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот помеѓу Лесковац и Ниш, додека неговиот брат И.К. (58) од Белград е полесно повреден.

Браќата патувале со автомобил „пежо 206“. Тие се враќале од посета на гробот на нивниот покоен татко, објавија српските медиуми.

Од засега непознати причини возилото излетало од патот и удрило во банкина. Возилото го управувал Д.К. кој починал на местото на несреќата.

Повредениот И.К. бил пренесен во болницата во Ниш, каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.