Во Босна и Херцеговина, во близина на градот Козо, недалеку од езерото Рамско, мечка доживеала вистинска несреќа – откако се изгубила, паднала во бунар. За нејзина среќа, мештаните ја пронашле, брзо се организирале и успеаја да ја извлечат со помош на трактор.

Ова се случило во шумата на подрачјето на општина Прозор, наведува „Дневни аваз“.

Снимките од спасувањето на мечката, која била „заробена“ во бунарот и успеала да ја задржи главата над површината на водата, се објавени на Фејсбук.

На снимките се гледа дека мечката, веројатно повеќе збунета од исплашена, само пливала наоколу, обидувајќи се да најде излез.

Gepostet von Ramski Vjesnik am Dienstag, 19. Mai 2020

Луѓето прво се обиделе да ја извлечат со помош на дрво, но не успеале, па решиле со помош на трактор.

На задоволство на сите, мисијата за спасување на мечката била успешно завршена.

Gepostet von Ramski Vjesnik am Dienstag, 19. Mai 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.